СДСМ: Дали на вредностите на Енвер Хоџа ќе почива коалицијата ДПМНЕ-Левица?

Од:

Мицкоски ги симна маските на ДПМНЕ и јавно призна дека е за коалиција со Левица, која отворено е против НАТО и ЕУ. Дали коалицијата ДМПНЕ-Левица ќе почива на вредностите на диктаторот Енвер Хоџа? Може и Мицкоски следната година да оди да му се поклони на диктаторот Енвер Хоџа како што тоа го направи Апасиев, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

„Вистинските вредности за кои се залага Мицкоски се исти како оние на неговиот потенцијален коалициски партнер, антиевропската Левица. Од партнер на демократскиот свет, на САД и ЕУ сакаат да ја вратат државата во времето кога беше изолирана и заробена. Мицкоски е во дил со партија која е против НАТО и ЕУ и фактор на дестабилазија, изолација и загрозување на европскиот пат на земјата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата