СДСМ: Дали МО и ГШ имаат информации дека професионалниот војник имал семејни проблеми подолг временски период?

Од:

Денешното тројно убиство, овојпат извршено од страна на професионален војник на АРМ, е нов доказ за целосно нефункционирање на институциите на системот во Македонија.

Министерството за обрана и Генерал Штабот на АРМ, коишто излегоа со експресно тврдење дека војникот бил во добра здравствена и психофизичка состојба, треба да и одговорат на јавноста:

-Дали МО и ГШ имаат информации дека професионалниот војник имал семејни проблеми подолг временски период?

-Дали професионалниот војник бил повеќе пати пријавуван од членови на неговото семејство за физички напад и насилство?

-Ако е така, дали согласно професионалните стандарди во АРМ на војникот требало да му се дозволи да работи на стража?

-Дали службите во МО и ГШ свесно дозволиле и покрај сите овие околности професионалниот војник да должи оружје?

Сето ова упатува на сериозни институционални пропусти.

СДСМ длабоко сочувствува со семејствата на жртвите и бара одговорност за трагичниот настан во којшто се одземени три човечки животи.

За еден месец ова е второ тројно убиство, по грозоморното убиство во Кавадарци.

Колапосот на системот во државава резултира со непоправливи трагични последици.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски