СДСМ: Дали Мицкоски патувал за Вашингтон во луксузна бизнис класа со карта која чини над 4.000 евра?

Од:

Според информациите до кои дојде СДСМ, Мицкоски изгледа ужива во луксузот на сметка на граѓаните. Очигледно не се само скапите часовници повеќе десетици илјади евра негов стил, тој милува да патува во бизнис класа.

Денес го прашуваме јавно, дали е точно дека тој за САД патувал со бизнис карта вредна над 4.000 евра на сметка на граѓаните? Ако е точно, да излезе и да објасни за тоа уште еднаш што претставува душманско трошење на парите на граѓаните. Додека во кампањата имаше уста полна одговорност и транспарентност, сега гледаме расфрлање, фамилијарни прошетки за САД во бизнис класа и буквално никаква грижа за граѓаните.

СДСМ очекува во најкус рок Владата и Мицкоски да ги објават сметките и трошоците за ова патувања затоа што граѓаните мора да знаат колку пари платиле за прошетките на Мицкоски и министрите, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената