СДСМ: Дали ќе одговара некој во МВР за бегството на Рамадани, бараме истрага одма

Од:

Смешно изгледаат обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се изземат од одговорност за бегството на Блерим Рамадани кој веќе одмара на Косово и се слика на Фејсбук.
Задолжен за негово обезбедување во куќен притвор е Тошковски и МВР и тие свесно го имаат пуштено. Каде е одговорноста за несоодветно чување на затвореникот? Дали е покрената постапка од внатрешна контрола и МВР за тоа како е избегал и кој од единиците кои требале да го обезбедуваат ќе одговара, велат од СДСМ.

„Дали ова значи дека секој кој е во куќен притвор може слободно да избега и за тоа да биде крив судот кој определил таква мерка, или криви се оние кои требале да го обезбедуваат? Тошковски и Мицкоски не може да го скријат фактот е дека ова наликува на однапред договорена работа со косовските власти каде тие се извршители и олеснувачи на овој процес.

СДСМ бара итна истрага во МВР и извештај за тоа како успеал да побегне од куќен притвор Рамадани. Ако остане одговорноста само кај судот кој одлучил куќен притвор, тогаш ќе биде јасно дека апсењето на Рамадани е само една голема манипулација и лага за која однапред се знаело дека тој ќе биде пуштен. Мицкоски да се одважи да каже дали ова не е дел од договорот меѓу него и Курти. ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста, а МВР да покрене постапки веднаш“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски