СДСМ: Дали Јакимовски почна да чисти терен за директори од ВМРО-ДПМНЕ во Карпош?

Од:

На денешната седница на Советот на општина Карпош, коалицијата ВМРО-ДПМНЕ- ГРОМ, изврши незаконски упад во училишните одбори на 7 основни училишта на територијата на Карпош, велат од СДСМ.

Според нив, Советот на општина Карпош, противзаконски, разреши 11 членови на училишни одбори, без никакво образложение. Во извештаите на директорите на училиштата немаше ниту една забелешка на работењето на разрешените членови.

Најголем дел од членовите се разрешени на половина мандат.

Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ГРОМ, којашто освен на општинско ниво во Карпош, веќе функционира и на државно ниво, денеска во Советот на општина Карпош веднаш на испразнетите места именуваше нови членови на училишните одбори.

Прашуваме, дали на состанок одржан пред 5 дена, на 10.07.2014 година, лично градоначалникот Стевчо Јакимовски на директорите на споменатите 7 училишта им наложил, точно со имиња и презимиња, кои членови да бидат разрешени?

Дали Стевчо Јакимовски договорил со Никола Груевски директорски фотељи за ВМРО-ДПМНЕ во училишта во општина Карпош?

И, дали денешните разрешувања му беа потребни на Стевчо Јакимовски, за новоизбраните членови да послужат како гласачка машинерија за промена на директорите во седумте училишта, како резултат на коалициската поделба на местата помеѓу партиите ГРОМ на Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски, прашуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот