СДСМ: Дали Христијан Мицкоски спие мирно?

Од:

САД спроведоа конкретни дејствија поврзани со криминални активности во Венецуела, при што цел беше Николас Мадуро. Христијан Мицкоски, од една страна тврди дека ги поддржува САД дека Владата ја поддржува акцијата во Венецуела, а од друга страна изјавува дека била спротивна на меѓународното право. Значи Мицкоски ја поддржува, ама и не ја поддржува акцијата на САД, велат од СДСМ.

„Пред оваа интервенција на САД, кои беа единствените европски политичари и држави што отворено го поддржуваа и градеа соработка со Мадуро? Тоа беа најблиските сојузници и пријатели на Мицкоски: Виктор Орбан во Унгарија и Александар Вучиќ во Србија и сестринската партија на ВМРО-СНС. Вучиќ само пред неколку месеци најавуваше продлабочување на соработката со Мадуро, додека Виктор Орбан со години беше еден од неговите најгласни поддржувачи во Европа.

Граѓаните одамна ја знаат поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со неговата сестринска партија СНС на Вучиќ. Освен идентичните политики, „copy-paste“ сценаријата, СДСМ откри и конкретни бизнис-релации, преку скандалот со Алта банка. Во своето последно интервју, Мицкоски отворено зборува и за својот „близок пријател“ Виктор Орбан – политичар кого Европската унија го обвинува за корупција, особено по скандалите со имотот што се води на име на неговиот татко.

Што е заедничко за сите овие десничарски политичари? Заедничко е тоа што околу сите нив се отвораат тешки и сериозни теми за криминал, корупција и подривање на демократските институции. Во САД беше усвоен и Законот за Западен Балкан, потпишан од Доналд Трамп, со јасен и недвосмислен фокус на борбата против криминалот и корупцијата во регионот. По сите овие факти и по судбината на неговите најблиски политички пријатели, логично се наметнува едно прашање: дали Христијан Мицкоски спие мирно, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите