СДСМ: Дали Груевски за „оперативен план“ го смета иселувањето на граѓаните?

Од:

„Никола Груевски, човекот којшто ја создаде огромната невработеност во Македонија не може да ги лаже граѓаните со некакви лажни, виртуелни „оперативни планови“.

Освена ако за „оперативен план“ Груевски не го смета масовното иселување на граѓаните од Македонија.

Огромната невработеност во Република Македонија не може да се покрие со нереално прикажување и манипулирање со статистичките податоци во време кога иселувањето е континуирано, со години наназад.

Релевантни меѓународни извештаи покажуваат огромно иселување на граѓаните од Македонија.

Според Светска банка поради погрешните „дил-ориентед“ полиики на Никола Груевски 626.312 граѓани си заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Тоа е една четвртина (1/4) од вкупното население во Македонија. Фрапантен податок којшто најдиректно ја покажува манипулацијата со степенот на вработени, односно невработени што се обидува да ја направи Никола Груевски пред заминување.

Со иселени ¼ од населението во државата, во реалноста, невработеноста во Македонија е многу поголема од 32%.

Колку е голема невработеноста и каков проблем претставува граѓаните најдобро знаат.

Од секое семејство во Република Македонија има по најмалку еден член што заминал во Италија, Германија, Америка, Австралија, и многу други земји, заради невработеност.

Милионските провизии, сомнителни тендери, криминалот и корупцијата на Никола Груевски, братучедот Сашо Мијалков, кумот Ставрески и фамилијата им ги украде работните места на граѓаните на Македонија.

За фамилијата да се богати, 626.312 илјади граѓани беа принудени да заминат од родната земја, да се одвојат од своите семејства.

Пред заминување, Никола Груевски, без идеи и без резултати зад себе, единствено може да најавува точен датум за неговата оставка којашто граѓаните со нетрпение ја очекуваат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он