СДСМ: Дали еколошкиот масакар на дрвјата на Водно е поради интереси на лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

 
„Во Скопје немилосрдно продолжува уништувањето на зеленилото и сечата на дрвјата.
 
На таргет на криминалната власт повторно се најдоа дрвјата на падините на Водно.
 
Над Детската болница „Козле“ веќе е исечена поголема површина на борова шума и се пробива пат. 
 
Токму на овој дел од Водно, плац од 2.000 метри квадрати има министерот за одбрана Зоран Јолевски, од ВМРО-ДПМНЕ.
 
Според информации што ги пренесоа одредени печатени медиуми на овој дел наводно свој плац имал и Томе Неновски, поранешен гувернер на НБМ, близок до ВМРО-ДПМНЕ.
 
Надлежните институции, Град Скопје и општина Карпош имаат обврска да излезат и пред граѓаните да дадат одговори на прашањата:
 
Зошто се сече шумата од Долно Водно?
 
Кој ќе понесе одговорност?
 
Дали еколошкиот масакар на дрвјата на Долно Водно е поради лични и бизнис интереси на лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ?
 
За последниве 10 години, Скопје остана без половина градско зеленило, а само во последните две – три години исечени се низа на паркови и зелени површини.
 
Податоците покажуваат дека во Скопје, годишно има помеѓу 150 до 180 денови во коишто воздухот е загаден над дозволеното односно со високи концентрации на канцерогените ПМ 10 честички.
 
Како последици од канцерогените честички во загадениот воздух, според извештајот на Светска банка, во Македонија умираат 1.350 луѓе годишно. Што е катастрофа.
 
Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се на директна штета на граѓаните.
 
Бараме сечата на дрвјата на Водно да прекине и повиканите институции да излезат со одговори пред јавноста“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар