СДСМ: Да се почитуваат правата на новинарите и слободата на говор

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува сериозна загриженост по информациите за отпуштања на новинари и медиумски работници или целосно згаснување на Утрински весник.

Власта на обвинетиот Груевски ги злоупотребува медиумите за свои цели и своја пропаганда, а потоа ги уништува и затвора.

Посебно алармантно е што ова се случува на само еден месец пред предвремените парламентарни избори кога улогата на објективните и професионални медиуми е најпотребна за вистинско информирање на граѓаните и носење одлука. Правото на слобода на говор и слободно новинарство е од особено значење за функционална демократија.

Бараме да се почитуваат правата на новинарите и медиумски работници и да се обезбедат услови за нивна непречена работа.

Обвинетиот Груевски системски уништувајќи ги медиумските слободи и медиумите во земјава ја стави Македонија во групата на неслободни земји според Фридом Хаус, и на 118-то од вкупно 180 места на листата на Репортери без граници, во друштво на Замбија, Нигерија, Конго, Катар и Авганистан“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он