СДСМ: Да се донесе новиот Закон за градење и стопира постапката за измена на членови од Законот за урбанистичко планирање

Од:

Апелираме до парламентарното мнозинство да ја стопира постапката на измена на членовите 2, 7, 14, 15, 16 во новите измени на Законот за Урбанистичко планирање.
СДСМ повикува на отпочнување на собраниска постапка за донесување на новиот Закон за градење кој е веќе изработен во консултации со сите комори, здруженија, невладини организации, а помината е постапката на ЕНЕР. Постоечкиот закон за градење веќе е тешко применлив поради 34-те измени законот, велат од СДСМ.

„Само така процесот на урбанистичко планирање и процесот на градење ќе бидат синхронизорани во употребата, а со тоа ќе има јасна и транспарентна примена на двата сродни закони. СДСМ е против бришењето на одредби од членот 51, бидејќи со ова се отвора сериозна недореченост и можност за постапување на општините без контрола од министерството за транспорт, со што се губи двостепената контрола при носењето на урбанистичко планските документации – Локалната власт како изработувач и подносител на плановите и централната власт како контрола на процесот.

СДСМ остро реагира на упадот во системот на урбанистичко планирање со вметнување на катните гаражи на ранг на примарна инфраструктурна мрежа кои ќе можат да бидат реализирани само врз база на Генерален урбанистички план без донесен Детален урбанистички план. Со ова се избегнува увид на јавноста и транспарентност во постапката, што е врвен приоритет за постигнување поквалитетно и хумано живеење при носењето на урбанистичките планови. Тоа всушност е и целта на овој закон кој беше донесен во 2020 година преку јасни процедури и критериуми до похумано живеење.

СДСМ апелира тековните постапки на носење на урбанистичките планови кои се започнати по стариот Закон за просторно и урбанистичко планирање, а до денеска сеуште не се усвоени да бидат продолжени согласно процедурите од новиот Закон за урбанистичко планирање. Ова веќе е потврдено од Собранието во текот на оваа 2024 година преку автентичното толкување. СДСМ уште еднаш апелира да не се враќаме на примена на веќе непостоечки закон кој не е на сила веќе 4 години. Ова е важно за граѓаните и за општините“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски