СДСМ: Да празнуваме одговорно, сите да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот

Од:

„Претстојниот празничен период да го одбележиме одговорно, во кругот на семејството, грижејќи се за своето и за здравјето на нашите најдраги.

Сега кога вакцината ни е на дофат, есенскиот пик постепено се стабилизира, голем ризик може да биде неодговорно празнување на претстојните новогодишни и божиќни празници.

Затоа од денеска до 20 јануари, да празнуваме одговорно со почитување на мерките и препораките за спречување на ширењето на коронавирусот, против кој заедно се бориме речиси една година“, велат СДСМ.

„Од денеска, устителските објекти ќе работат до 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега.

Се препорачува да нема собирање на граѓаните во домовите на семејни прослави.

Се забранува групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор.

Граѓаните да не ги напуштаат домовите по 18 часот ако немаат потреба.

Сега е потребно сите да се издигнеме над поединечниот интерес. Сите заедно да бидеме одговорни и да не дозволиме најубавите мигови да се претворат во лоши спомени.

Секој од нас е повикан да биде одговорен за да не предизвикаме нов бран на епидемијата – токму сега кога сме на чекор до масовната вакцинација после која целиот свет очекува да се вратат нормалните услови за живот, работа и развој. Славењето може да почека – здравјето не“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците