СДСМ: Да ја развиваме земјата во духот на слободата и демократските вредности

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на сите граѓани на Република Македонија им го честита 8-ми Септември, Денот на државноста.

Копнежот за слобода, економски просперитет и демократски напредок на државата бил вековна борба на македонскиот народ. Тој предизвик и денес е исправен пред граѓаните на Македонија.

Oвој историски датум, 8-ми септември, кога граѓаните го кажа судбоносното и референдумско „ДА“ за остварување на вековниот сон, Независна Република Македонија е обврска за сите нас, да ја сочуваме и развиваме земјата во духот на слободата и демократските вредности.

СДСМ како државотворна партија и понатаму ќе се заложува преку заедништво и искрени заложби за демократска држава, Македонија да ја направиме економски стабилна земја, со еднакви можности за сите граѓани и евро-атлантска иднина.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он