СДСМ: Чулев не може да се оддели од партиските влијанија, се грижи МВР повторно да го претвори во МВРО-ВМРО

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев продолжува да се грижи само за повторна инсталација на ВМРО-ДПМНЕ во МВР, за враќање на старите методи кога министерството за внатрешни работи беше претворено во МВРО и „ги фаќаше за уши“ неистомислениците, а полицијата тепаше студенти и апсеше новинари.

После скандалозните три телеграми, Наќе Чулев излезе на прес конференција на која наместо да се истакне како професионалец, прочита партиски текст, напишан од советниците во сенка.

Чулев требало да знае дека беше спроведена втората клучна реформа во МВР, со одвојувањето на доскорешната УБК од МВР и формирање на новата Агенција за национална безбедност. Како резултат на тоа за околу 270 вработени кои останаа во МВР во тек е процесот на распоредување.

Останатите решенија се согласно потребите на службата и новиот правилник за систематизација на работни места и истите се издадени во законска постапка.

Кога зборува за распоредување во пониски звања Чулев треба да објасни како го оправдува својот потпис на решение за распоредување на вработен во Министерството кој од началник на Сектор во УБК со стаж од 44 години го распоредува на работно место инспектор за имотни деликти. Или вработен со завршен Природно-математички факултет од работно место началник на одделение за телекомуникациско истражување го распоредува на работно место главен инспектор за семејно насилство. Или пак вработени со завршено високо образование од областа на шумарство и земјоделие се распоредуваат во инспектори за семејно насилство и малолтеничка деликвенција.

Дали во случајот со распоредувањата во неговиот кабинет беа почитувани одредбите од Законот за внатрешни работи за распоредување на работник во повисоко звање?

Зафатен со партиските прашања Чулев денеска соопшти дека се трага по идентитетот на администраторите и модераторите на „Јавна соба“, а вчера вечер во полициска станица веќе беа повикани две лица, од кои едното е администратор, а другото креатор на групата.

Со ова Чулев само ја потврдува својата неможност да се оддели од партиските влијанија и да се посвети на својата техничка улога за гаранитрање на демократскиот изборен процес и зголемување на довербата во непречено функционирање на системот, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он