СДСМ: Членството во ЕУ и НАТО нема алтернатива, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да кажат за што се

Од:

„Со полноправно членство во НАТО и ЕУ Македонија ја обезбедува својата иднина, со зајакнат и признаен македонски идентитет.

Членството во ЕУ и НАТО немаат алтернатива.

На референдумот на 30 септември Македонија има вистинска, историска шанса за напредок.

Сите прогресивни сили, политички субјекти кои се на страната на иднината го поддржаа референдумот, сите се за НАТО и ЕУ. Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле, се уште не соопштуваат за што се.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да соопштат, дали се за иднина или се враќање во црното минато на криминал, дали се интеграција или за изолација.

На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат светла иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет.

Граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт