СДСМ: Членство во ЕУ е добро за граѓаните, а ДПМНЕ тоа не може да го обезбеди

Од:

Европската иднина е клучна за граѓаните и за државата. Членството во ЕУ носи европски стандарди, повисок животен стандард на граѓаните, повеќе работни места, повисоки плати и пензии, подобро владеење на правото, уште подобро владеење на демократијата, отворен пазар од 500 милиони жители за македонските компании, пристап до европските фондови, тврдат од СДСМ.

„Трасиран е патот државата да биде дел од европското семејство до 2030 година, но ДПМНЕ го блокира напредокот кон членството во ЕУ. Блокадите на ДПМНЕ, се на директна штета на државата и на народот, водат во изолација и неизвесност, економско назадување, иселување на младите. ДПМНЕ не може да ја обезбеди европската иднина, не може да донесе добро за граѓаните“, се нагласува во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?