СДСМ: Членови на ВМРО-ДПМНЕ осомничени дека учествувале во нелегално финансирање партија

Од:

„Отворена предистражна постапка од страна на Управата за финансиска полиција води кон членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се сомничат за нелегално финансирање политичка партија. Членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и таткото на пратеникот Јован Јаулески препродавале ниви во реонот на општина Делчево“, соопшти СДСМ.

„Во јавноста со право се поставува прашањето дали парите од препродажбата завршиле во ВМРО-ДПМНЕ па затоа оваа партија веднаш се стави во заштита на Јаулески и неговиот татко?

Не е првпат партијата предводена од Христијан Мицкоски да се финансира на нелегален начин.

Истрагата на Управата за финансиска полиција и другите надлежни инситуции треба да ги даде сите одговри.

Денес никој не е над законите, за секој за кого ќе утврди одговорност за овој случај, мора да следува соодветна одговорност согласно законите“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби