СДСМ: Чашуле, Лазаревски и Донев ги одработуваат амбасадорските места

Од:

СДСМ со соопштение реагира на тринината во организација на институтот „Димитрија Чуповски. Според СДСМ, учесниците на трибината се, главните носители на таканаречениот „Нов Бран“, кои си ги одработуваат новите места во ВМРО-ДПМНЕ.

„Панде Лазаревски, Слободан Чашуле и Јован Донев очигледно си ги одработуваат новите амбасадорски места кои им се ветени. Филип Петровски и Марјан Додовски си го одработуваат преминот, а првиот веќе си доби и директорска функција во Лотарија.Како што веќе и целиот проект „Нов Бран“ јасно претставува театар, така носителите на овој проект, денес под покровителство на познатиот институт „Димитрија Чуповски“, одиграа уште една театарска претстава“, стои во соопштението.

„Она што сеуште не ни е јасно е какво место зазема професорот Латас и експертот Божиновски во „новиот бран“, но секако и тие си ги најдоа своите улоги во денешниот театар“, вели СДСМ во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО