СДСМ: Чадиев бара од родителите на децата кои учат во Гимназијата сами да го платат видео надзорот

Од:

Наместо да биде бесплатно како што најави градоначалникот Чадиев , инсталирањето на видео надзор во Гимназијата Кочо Рацин не е. Тој бара од родителите на учениците да ја платат опремата. Со вакви реакции денеска излезе велешката опозиција. Според нив родителите требало да уплатат по 100 денари на уплатница под дознака „донација“. Социјалдемократите сметаат дека ваквиот начин на собирање пари од родителите е спротивен на законот и прашуваат каде завршуваат уплатените пари.

„Согласно законот за донации, за да може да се уплатат средствата за донација, мора претходно да има склучен договор за донација. Таков договор се уште не е склучен. Под превезот на бесплатното образование, локалната власт продолжува да собира пари од родителите на општина Велес. Родителите остро се спротивставуваат на оваа незаконитост и со право реагираат“, рече Весна Стојанова Богоевска, ОО на СДСМ Велес.

Од СДСМ велат дека немаат имформации каква е состојбата во другите основни и средни училишта. Според нив во Гимназијата се уште нема инсталирано видео надзоро внатре во зградата. Таму стојат само надворешните камери кои се инсталирани пред една година, тврдат од СДСМ.

„Во основните училишта „Јордан Хаџи Константинов Џинот “ и „Благој Кирков“ има инсталирано камери но пари од учениците, односно од родителите не се побарани. Додека на родителските средби во Гимназија, им било кажано на родителите да уплатат по сто денари, рече Богоевска.

Пред два месеца, со поставување на безбедносни камери во основното Блаже Конески, градоначалникот Чадиев го најави дека ќе се инсталираат по 16 камери во сите основни и средни училишта, опрема што општината ќе ја чини два милиони денари. Од СДСМ бараат одговор од Чадиев и прашуваат зошто на незаконски начин се собираат пари од родителите, дали е ова уште еден договорен тендер и дали се штитат нечии бизнис интереси.

Би можело да ве интересира

Филипче: Потребна е промена на организациската поставеност за поголемо вклучување на членовите

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ го излажа народот, Митева и 77-те послушници на Мицкоски имаа можност да зборуваат ама молчеа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Конгресот на СДСМ ќе продолжи откако општинските организации ќе се произнесат за Извештајот за претседателските и парламентарните избори

СДСМ го одржува 29. Конгрес – Ковачевски вели: Очекувам партијата да излезе посилна и пообединета

Горан Наумовски

СДСМ на отчетен Конгрес ќе ги анализира изборните резултати

(ВИДЕО) Филипче: Недостасува јавна и експертска дебата, има нејасни сегменти за поделба на министерствата