СДСМ: Цензурата од МИА ја разоткрива пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Цензурата од државната агенција МИА на веста дека Стразбур пресудил оштета на лустрираниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски ја прели чашата на пропагандата на Груевски, пропагандата почна самата да се разоткрива, реагира СДСМ.

„Државната информативна агенција МИА којашто ја плаќаат граѓаните се обидела да сокрие информација од истите тие граѓани. Од државната агенција МИА се должни да им кажат на граѓаните под чиј налог требало да ја сокријат веста дека според Стразбур не се задоволени условите за правично судење на лустрираниот претседател на Уставниот суд Ивановски. Веста за цензурата во МИА излезе во јавност, како што излегоа и милионите на Кирир, Република, Радио Слободна Македонија, Сител, Кана 5, Алфа…Овој случај е уште еден доказ дека медиумите, вклучувајки ги и јавните медиумски сервиси се под тотална контрола на власта и дека е неопходна медиумска регулација“, се вели во соопштението од СДСМ.

Овој случај, порачува опозицијата е уште еден доказ зошто Груевски не сака регулација на медиумите, бидејки нема да може да ги контролира информациите што го потврдуваат неговото криминално, валкано, расипничко владеење.

„Завршува времето на Груевски. Груевски и сите негови соработници во злоделата ќе одговараат“, реагира СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски