СДСМ: Центарот за лаги и манипулации да каже каде и кога во Хрватска е отворена фабрика на Ауди?

Од:

Продолжува безидејноста на ВМРО ДПМНЕ. Повторно празни фрази, излитени манипулации и теми од нафталин, реагира СДСМ на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Го повикува, како што велат, Центарот за лаги и манипулации конкретно да посочи каде и кога во Хрватска е отворена фабрика на Ауди?

Такво нешто ,тврдат од СДСМ, нема!

„Во 1995 година, во Хрватска, од истите причини како и во Македонија, не беше отворена фабрика на Ауди, што само потврдува дека вината за тоа не е во тогашната Влада на СДСМ.

„Што се однесува до обвинувањата за некакви провизии, ВМРО ДПМНЕ ја утнале адресата.

На пример, можат да зборуваат пред Телекомот, кој го приватизираше Никола Груевски, кој после тоа ја отвори партиската фирма “Аналитико“ за да склучува договори токму со оваа, од него приватизирана златна кокошка, да ги здоми своите партиски послушници и да ја финансира ВМРО ДПМНЕ кога беше со блокирана сметка. Тоа покажува кој е махер за земање провизии.Македонија во 2012 година е светски првак во економско-социјална мизерија и за тоа е непосредно одговорен Груевски и неговата Влада “, стои во реакцијата на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски