СДСМ Центар: Сите на 17-ти да излеземе на мирен, ненасилен протест

Од:

ОО СДСМ Центар ги повикува симпатизерите, членовите, но и сите граѓани, без разлика на партиска, верска и национална припадност да дојдат на протестот в недела (17. мај) во 14 часот пред Влада. Ова е посочуваат сплотени со една цел, да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и заедно да одлучуваме за нашата иднина .

Еве што стои во повикот:

Почитуван пријателе, Во недела, 17-ти мај 2015г. со почеток од 14 часот пред Владата на Р.М ќе се одржи најголемиот сенароден, натпартиски, граѓански протест. Приклучи се и ти, повикај ги своите пријатели и сите заедно, рамо до рамо, без било какви предрасуди, партиски, етнички или верски, да излеземе на мирен, ненасилен протест. Обединети против насилството, да ги вратиме демократијата, мирот и стабилноста во Македонија. Да ја вратиме слободата во Македонија! Заедно, сплотени со една цел, да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и заедно да одлучуваме за нашата иднина.
#НаПротест #Доаѓаме

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ