СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Од:

Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври, кога се спроведуваше владината мерка, се „намалиле“ за само 0.1%. Се потврди тоа што СДСМ го говореше и што граѓаните го чувствуваат секој ден – нема намалување на цените во маркетите. Дебакл на мерките на владата кои се покажа дека немаа никаков ефект и не дадоа резултат, велат од СДСМ.

„Затоа, Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ политичкиот инает треба да го замени со прифаќање на предлог Законот за укинување на ДДВ на храната на СДСМ, со кој граѓаните реално ќе заштедат до 2.000 денари месечно. Пакетот од три мерки и закони на СДСМ ќе значат поголеми плати, помали цени на храна и повеќе пари во џебот на секој граѓанин. Ова е во интерес на сите граѓани и СДСМ уште еднаш повикува да проработи разумот кај Владата за подобар животен стандард и заштита на граѓаните кога животот им станува се потежок“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он