СДСМ: Цената за земјиштето спроти зградата на „Нова Македонија“ е формирана од Владата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Државното земјиште кое е продадено спроти зградата на „Нова Македонија“ е продадено по цена која е формирана токму за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, со потпис на Никола Груевски се вели во соопштението од СДСМ реакција на денешната прес конференција на Синиша Ивановски.

За тоа постојат и документи кои потврдуваат дека преку „Уредба за висината на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште“ е одредена цена за приватизација на градежно земјиште согласно намената на објектот што на него ќе се гради. Според таа Уредба со потпис на Груевски, објавена во Службен весник во 2011 година, цената за метар квадратен земјиште во Општина Центар, во централно подрачје, за изградба на комерцијални деловни објекти изнесува 438 денари. По таа иста цена е продадено и земјиштето што го посочува ВМРО-ДПМНЕ се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?