СДСМ: Целиот демократски свет упатува честитки за постигнатиот договор и го поздравува лидерството

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочат туку да дадат поддршка на македонската иднина.

Решението на спорот што цели 25 години ја влечеше Македонија наназад ги брани врвните државни и национални интереси, го зачувува и го зајакнува македонскиот идентитет еднаш – засекогаш.

Целиот демократски свет, САД, Европската комисија, Европскиот парламент, НАТО, Велика Британија, Австрија, Бугарија, упатува честитки за постигнатиот договор и го поздравува лидерството на двете земји.

Во интерес на граѓаните е и ВМРО-ДПМНЕ, како и сите политички субјекти во земјава да се обединат околу врвните државни и национални приоритети.

Тоа е поддршка за просперитет на нашата земја, тоа е поддршка за македонската иднина.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да кажат ДА за референдум на којшто граѓаните ќе го имаат последниот збор.

Христијан Мицкоски треба да покаже зрелост и одговорност и да каже ДА за решението што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во Европската унијата!

Да, само заради граѓаните и нивната иднина.

ДА, за македонската иднина“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски