СДСМ: Целиот демократски свет го поздрави усвојувањето на уставните измени

Од:

„Со усвојувањето на уставните измени имплементиран е Договорот од Преспа со јшто се отвораат перспективите кон светла македонска иднина во ЕУ и НАТО.

Целиот демократски свет, Европската унија, САД, НАТО, Германија, Велика Британија, Европската комисија, Австрија и други го поздравија усвојувањето на измените на Уставот, честитаа на историската одговорност на пратениците и граѓаните и ја потенцираа нивната натамошна поддршка во процесот на интеграција во двата најмоќни сојузи во светот.

Сами, без поддршка од граѓаните и целосно изолирани остана раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Јанко Бачев и неговиот портпарол Христијан Мицкоски.

Дебакл за маргинална група верна на кукавицата Никола Груевски, осамена во поразените политики на деструкција и изолација.

На страна на граѓаните, напредокот и иднината е целиот демкократски свет, прогресивните демократски сили во државата.

Македонското едно општество се издигна над политките на изолација и поделби, идентитетот е загарантиран, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

(ВИДЕО) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Горан Наумовски