А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Целата кариера на пионот Мицкоски е непотизам и шеми со Груевски

by А1он09/11/2018 - 15:0774
Share0

„Кога зборува за непотизам, портпаролот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да го праша неговиот шеф, пионот Христијан Мицкоски, како тој од толку професори на Машинскиот професор, станал асистент кај сопствениот татко.

Добивај вести на вибер

Наместо да шири празни обвинувања, партискиот портпарол треба да влезе во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и да го праша Мицкоски како од Владата на Груевски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали во време кога бил советник на Груевски.

Целокупната професионална и политичка кариера на пионот Мицкоски се изградени преку: 1) непотизам и 2) шемите со Никола Груевски.

Очигледно е дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионалноот и независно функционирање на институциите. Токму ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години масовно ги партизираше институциите во кои се вработуваа само партиски членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено, се правеа брутални притисоци и закани кон приватниот сектор и илјадници компании беа приморани да стават клуч на врата, не можејќи да ги издржат притицоците, заканите, уцените. Меѓу нив се и компаниите кои денеска ги наброја портпаролот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

Таквиот однос кон институциите и граѓаните, како и масовната партизација на администрацијата заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Преку започнатиот процес на реформи, институциите се професионализираат и работат независно и во интерес на граѓаните.

Сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувања и за сите важат еднакви правила и креитериуми и за сите вработени сносат еднаква одговорност.

Со реформите, државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен