СДСМ: Цела Европа ја тресе коронавирус, само Мицкоски се радува, ќе си ја спасувал фотелјата

Од:

„Во време кога есенскиот бран на пандемијата со коронавирусот ја тресе цела Европа, а сите напори се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните, само губитникот Христијан Мицкоски се радува и се обидува да спечали евтини политички поени за да си ја спаси фотелјата во белиот дворец.

Додека глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, Мицкоски го малтретира своето членство со таканаречени протести загрозувајќи го и нивното и јавното здравје“, велат од СДСМ.

„Наместо да организира „протести“, на кои и самиот не се појавува, Мицкоски треба да си го одржи предизборното ветување и да поднесе оставка затоа што ниту победи на изборите, ниту формираше Влада.

Граѓаните одамна не му веруваат ниту нему, ниту на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ кои не знаат ништо друго освен да бранат криминал, да прават опструкции и да делуваат деструктивно на штета на интересите на граѓаните.

Граѓаните знаат дека СДСМ и Владата што ја предводи, стои на нивна страна и помага кога е најтешко и затоа на Мицкоски му дадоа црвен картон на три последователни изборни циклуси, затоа ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и уште долго ќе остане таму“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме