СДСМ: Буџетот е за економско заздравување и раст, зголеменото мнозинство ќе ги донесе и законите што опозицијата ги кочи

Од:

Фокусиран на интересот на народот, Буџетот за 2022 има четири основни цели: Зачувување на здравјето и животите на граѓаните, економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции вели пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска.

„Очекуваме конструктивност од страна на опозицијата, низ аргументирана дебата, без блокади и опструкции со цел да се донесе Буџетот. Покрај Буџетот пред нас, пратениците претстои многу работа особено во донесувањето на законите кои со месеци па и години се блокирани од страна на опозицијата. Демократскиот блок, преку зголемено, стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ во периодот пред нас треба да ги донесе законите кои се во интерес на граѓаните и државата. Минимална плата од 18.000 денари, недела неработен ден, отпис на каматите за долгови, Законот за служба во Армијата, како и законските измени кои обезбедуваат трајно вработување на 4.700 наставници во основните и средни училишта се дел од законите кои опозицијата ги кочи а кои се важни за граѓаните“ – рече Георгиевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски