СДСМ: Бројките од измислените анкети ВМРО-ДПМНЕ и „Павел Шатев“ ги корегираат и по 4 пати

Од:

„По вчерашните измислени анкети, или како што самите велат „корегирани“, така наречениот институт на ВМРО-ДПМНЕ денеска испорача нова нарачка.

Очигледно Груевски не можел да се помири со фактот што јавноста дозна како „Павел Шатев“ ги штелува анкетите па дал налог за уште некоја корегирана анкета.

ВМРО-ДПМНЕ не може да ги погоди бројките ниту во своите нарачани анкети испорачани од нивната партиска испостава „Павел Шатев“.

New Doc_2

Затоа бројките од измислените анкети ВМРО-ДПМНЕ и „Павел Шатев“ ги корегираат и по 4 пати.
Отворено остана прашањето која корегирана верзија од нарачаните анкети Никола Груевски ја смета за задоволителна за него? Втор пат корегираната анкета, дополнително корегираната, финално корегираната или ниедна?

Со „корегираните“ анкети „Павел Шатев“ потврди дека не спроведува никакво истражување на јавното мислење.

Граѓаните не веруваат на креираните и нарачани анкети на Никола Груевски.
Јасно е се. Граѓаните се на нозе“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата