СДСМ: Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста врти

Од:

„Зоран Ставрески, кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, скриен како во бункер очајно се обидува да го спаси својот кумашин инволвиран во криминал до гуша.

Уште неуплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, Зоран Ставрески денес објави проспекти за нова аукција. Побарува повеќе од 93 милиони евра.

Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста тој врти, постојано се зголемува долгот на сите граѓани ви земјава.

Единствена грешка кај него беше темпото кое покажуваше задолжување од 3 евра во секунда.

Вистината е дека Владата на РМ, преку Министерството за финансии, во првите 75 дена од годината ги задолжува граѓаните на Р.Македонија со темпо од 9.5 евра во секунда.

Притисоците од страна на режимот кон институциите, судството и науката, само за кратко можат да ја одложат неизбежната казна кон сите оние кои прават злодела врз својот народ“, изјавија од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања