СДСМ: Бомби и криминални пресметки станаа секојдневие поради неспособноста на Тошковски

Од:

Фрчат екплозии од бомби, криминалните пресметки станаа секојдневие а улиците се небезбедни. Неспособноста на Панче Тошковски сериозно ја наруши состојбата со безбедносна на граѓаните, велат од СДСМ.

– За неполн месец, пет инциденти со пукање и огнено оружје, а над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите четири месеци. Имаше пукање од автоматско оружје во Чаир а пред тоа пукање на Скопската обиколница, две недели претходно имаше исто така пукање во Чаир, каде што директно беше вмешан и помилуваниот наркобос, Барон. Се пукаше и во Арачиново, Батинци, Сингелиќ, на пластичарската улица, во Тетово, се случи и убиство кај Мавровка. Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи од Панче Тошковски, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Тошковски: Се постапува за утврдување случаи со дивоградби

Предраг Петровиќ

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак