СДСМ: Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ за изградбата на Клинички центар е крајно антинароден и антидржавнички чин

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ свесно, злонамерно и на штета на граѓаните ја опструира и блокира изградбата на нов Клинички центар, најголемата инвестиција во здравството во последните 80 години.

Тешките невистини на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку кои се обидуваат да најдат алиби за нивните деструктивни и антинародни блокади за изградба на овој стратешки проект во здравството се пропаднати.

Во Град Скопје ќе се гради нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар од 110.000 м2., кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги кои ги исполнуваат сите современи стандарди во медицината и потребите на граѓаните“, велат СДСМ.

„Тврдењата на деструктивната партија предводена од Мицкоски дека во соседна Србија се изградил Клинички центар за далеку помала сума се чиста лага, обид за манипулација на јавноста.

Срамни и неосновани се и тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводен криминал. Физибилити студијата е на ниво на Влади на Република Северна Македонија и Австрија, во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава и истата е одобрена од Националната Агенција на Австрија.

Во изградбата на Клиничкиот центар ќе бидат вклучени најреномирани европски компании, германската „Вамед“ и француската „Буиг констракшн“.

Се поставува прашањето: кого овде ВМРО-ДПМНЕ обвинува за криминал? Владата на Австрија или реномираните европски компании од Франција и Германија?

Неоспорливиот факт што опозицијата ја отфрли отворената понуда да го води проектот е потврда дека единствената намера на ВМРО-ДПМНЕ е да опструираат и блокираат се што е во интерес на граѓаните.

Изградбата на нов Клинички центар е историска капитална инвестиција и решавање на децениски проблем во јавното здравство и неговата реализација треба да биде приоритет на сите партии, а не да го кочат и блокираат истото.

Јавноста знае дека ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на се што е добро за граѓаните и за државата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

СДСМ: ЕУ усвои нови правила за депортација на мигранти во трети земји

СДСМ: Темата со мигрантите е многу поголема отколку што кој било во Македонија можеше да замисли

СДСМ: Разоткривање на кујните на ДПМНЕ, дел 3: Напади исто како во времето на Груевски!

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

СДСМ: Мицкоски го зеде судството во свои раце па се фали со добиени пресуди

Горан Наумовски