СДСМ: Битолските училишта ,,до гуша” во долгови

Од:

„Вчера градоначалникот Талески повторно манипулираше со јавноста одбегнувајќи да даде јасен одговор. Но со оглед на тоа дека токму тој ги назначува директорите во образованието нека одговори чесно и без инсинуации: зошто вчера немаше греење во основното училиште Климент Охридски?

Исто така нека одговори јасно и недвосмислено: дали и зошто средното техничко училиште должи:

-2 милиони денари за греење; 530 илјади денари за вода;

– 300 илјади денари за струја;

– 4.000 денари за телефон и

-96 илјади денари за нискоградба,

или вкупно 2 милиони и 930 илјади денари.

Исто така прашуваме, дали средното економско училиште должи:

– 1 милион и 600 илјади денари за греење;

– 80 илјади денари за струја; 240 илјади денари за вода;

– 46 илјади денари за нискоградба;

– 12 илјади денари за телефон;

– или близу 2 милиони денари.

Според реториката што ја користи, Талески или не си ја познава работата или нешто крие, па затоа уште еднаш ќе го прашаме: Каде ги потроши 200 милиони евра буџетски пари во овие 8 години и на кој начин ќе ја реши оваа очајна ситуација“, изјави Оливер Николоски, советник во општина Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски