СДСМ Битола: Улиците во Битола се во очајна состојба

Од:

„Дупките по градските сообраќајници се полоши и поопасни и од калдрма. Катастрофалната состојба на улиците ја нарушува безбедноста на сообраќајот со што е загрозена безбедноста на граѓаните. Возачите со право реагираат дека ги искршија автомобилите по битолските улици.

Ова е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Владимир Талески немаат капацитет, ниту визија да се справат со вистинските проблеми со коишто се соочуваат битолчани“, изјави советникот во Општина Битола од редовите на СДСМ, Горан Козаров.

„Срамно и жално е за град со буџет од 27 милиони евра годишно, да има ваква катастрофална патна инфраструктура.

Градоначалникот Талески наместо да се занимава со сомнителни тендери, купување на награди од странски држави со народни пари за задоволување на сопственото его, нека се позанимава со проблемите на граѓаните на Битола.

Ако веќе Битола нема нормални градски сообраќајници, градоначалникот Талески и ВМРО-ДПМНЕ се должни да им одговорат на битолчани за што потрошија 250 милиони евра, пари на граѓаните во изминатите 10 години“, рече Горан Козаров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО