(ВИДЕО) СДСМ Битола: Талески, Вие и Вашата партија немате повеќе кредибилитет да ја водите општината

Од:

Талески и ДПМНЕ свесни за претстојната загуба која се должи на уништувањето на перспективата на нашиот град, во очај и безидејност, наместо да понудат креативна програма за доброто на Битола, одлучија да копираат наши проекти промовирани пред половина година, но и да ги повторат нивните нереализирани проекти, рече портпаролот на СДСМ Битола, Оливер Николоски, на денешната пресконференција.

„Еден од најдолго ветуваните проекти на Талески и ДПМНЕ – изградба на топлана и топловод промовиран уште во 2006та година – отпочна помпезно и заврши со закопани 50-тина метри цевки низ кои и по 7 години, топла вода не протече. Во меѓувреме во неколку наврати нашите пратеници подносеа амандмани, но за жал нивните колеги од ДПМНЕ гласаат против. Својствено за Талески и ДПМНЕ лагата за топловод, денес ја надоградија и проширија во нова, наречена топлификација.

Сообраќајниот хаос стана заштитен знак на Битола. Несредениот јавен и такси превоз, лошата хоризнтална и вертикална сигнализација, оштетени улици и недостаток на паркинг простор се суровата реалнот на владеењето на ДПМНЕ и Талески во изминатите 8 години. Во ТОП проектите на Талески за оваа изборна кампања е проектот ПОДЗЕМНИ ГАРАЖИ, истиот проект за кој побара поддршка и вети дека ќе го реализира во 2009-та година, а кој и до ден денес не е ни отпочнат.

Гасификацијата претставува успешен проект кој за првпат во Република Македонија е реализиран од градоначалниците на Социјалдемократскиот Сојуз, и еден од врвните приоритети кој идниот градоначалник на општина Битола – Менде Диневски го вети пред половина година.

Талески и ДПМНЕ истиот овој проект го исмејуваа и потценуваа, немајќи визија за огромниот бенефит кој истиот го овозможува, за да денес неуспешно го копираат и предлагаат во својата изборна програма.

Почитуван Талески, Вие и Вашата партија немате повеќе кредибилитет да ја водите општина Битола, па затоа не се обидувајте ниту да препишувате ниту лажно да ветувате. Битола на 24-ти март ќе избере концепт за развој на Битола и подобар живот на битолчани, ќе го избере Менде Диневски“, изјави Оливер Николоски, портпарол СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он

Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

А1он