ВИДЕО: СДСМ Битола реагира на вчерашната злоупотреба на функцијата Градоначалник од ДПМНЕ

Од:

Сакаме да реагираме на вчерашната злоупотреба на функцијата Градоначалник и злоупотребата на механизацијата на ЈСП во служба и функција на кампањата на ДПМНЕ, вели Горан Милевски, советник во Општина Битола „Сојуз за иднината“.

Со ова уште од првиот ден на предизборната кампања ДПМНЕ ја погази и ја направи ништожна декларацијата за фер и демоктратски избори која самите ја напишаа и усвоија на последната сендица на Советот.

Со ова се покажа дека опозицијата беше во право што не ја прифати и не ја гласаше оваа декларација бидејќи бевме убедени дека ДПМНЕ и Талевски  Ниту имаа демократски капацитет ниту желба а најмалку намера да организираат и спроведат фер и демократски избори.

Но да им укажеме дека за кршењето на изборниот законик после 24 март некој сигурно ќе одговара.

Можат колку сакаат машини и механизација да вадат, колку сакаат улици да копаат, со нив е завршено, ние за разлика од нив на 24 март граѓаните наместо механизација ќе ги извадеме на гласачките места и тие ќе им пресудат за нивното неодговорно и несовесно работење, изјави Горан Милевски, советник во Општина Битола „Сојуз за иднината“.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната