СДСМ Битола: Ништо не може да му помогне на Груевски, oдговорност за изборниот криминал мора да има

Од:

„Вчерашниот и денешниот ден уште еднаш потврди дека за Македонија и за Битола и понатаму најголеми недемократски предизвици се мешањето на партијата со државата и партизацијата на јавната администарција.

ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека целосно ја загуби поддршката од граѓаните па посегнува по притисоци и закани кон вработените во јавната администрација.

Преку бројни злоупотреби на институциите со коишто раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ вработените во јавната администрацијата и јавните претпријатија во Битола се принудени да заминат во Скопје, наместо на своите работни места.

Ова претставува директно кршење на Законот за јавни службеници и Етичкиот кодекс за јавните службенци.

За овие злоупотреби мора да следуваат соодветни законски постапки. Секој што го прекршил законот мора да одговара.

Едно е јасно, со организирањето на контра-протести ВМРО-ДПМНЕ го призна изборниот грабеж и призна дека стои зад иницијативата до Уставниот суд во обид да се амнестира изборен криминал.

Масовниот одѕив на граѓаните на вчерашниот марш во одбрана на Уставот на Република Македонија уште еднаш ја потврди вербата на граѓаните во борбата за слобода, демократија и европски вредности.

Ништо не може да му помогне на Никола Груевски. Одговорност за изборниот криминал мора да има и ќе има. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, се вели во соопштението на СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме