СДСМ Битола: На Битола не и требаат евтини приказни, туку решителна и визионерска локална самоуправа

Од:

„Ние како СДСМ продолжуваме со серијата на пресконференции со кои сакаме да го потсетиме градоначалникот Талески за сите негови лажни ветувања. Сообраќајниот хаос станува неподносливо секојдневие за граѓаните на Битола.

– Несредениот јавен и такси превоз, лошата хоризонтална и вертикална сигнализација, недостатокот од паркинг простор и оштетените улици, се вистинската слика за неспособноста и негрижата на локалната власт предводена од ДПМНЕ и Талески. Посебна приказна се урбанистичкиот хаос и спората изведба и на наједноставните градежни работи кои траат цела вечност.

– Не дај боже да започневте некој покрупен градежен зафат! Низа проекти ветени во изминативе години, со кои требаше да се подобри функционирањето на градот, останаа само празни предизборни ветувања и ефтини приказни“, изјави Методија Тасевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски