СДСМ: Битола на 7 април стартува од нула

Од:

И покрај осумте години на власт, во кои потрошија 200 милоини евра, а незнаеме за што, и покрај злоупотребите во највалканата изборна кампања во Македонија, Талески и ДПМНЕ повторно покажуваат, со парите на граѓаните, дека божем нешто работат и градат, изјави денеска кандидатот за советник на општина Битола од редовите на коалицијата „Сојуз за иднината“, Валентин Груевски обвинувајќи го кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески, и неговата партија дека „продолжуваат да мачкаат очи“ со своите ветувања и проекти.

– Почитувани граѓани на 7и април стартуваме од 0. Тие колку што сакаат нека глумат дека градат, но дајте сите заедно да ја прекинема оваа лакрдија и погубна политика кој ни го уништи градот – рече Валентин Груевски.

Тој додаде дека Битола како никогаш досега тоне во рекордна сиромаштија, невработеност, апатија и беперспективност и дека само доклку се смени Талески јавноста ќе дознае што се случувало во општината изминатите 8 години.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките