СДСМ Битола: Каде во овие 8 години се потрошија 200 милиони евра народни пари?

Од:

После изјавите кои за медиумите ги даде г-н Талески, стана јасно дека вчера не видовме градоначалник, туку уплашен, нервозен и конфузен човек.

Употреби многу погрдни зборови – жаргони, како безнадежни, шпекуланти и манипуланти, зборови со кои ги навреди своите сограѓани, што не му доликува на функцијата која ја има и само потврди дека Битола не заслужува да има ваков градоначалник.

Но, ние ќе му простиме.

Вчера Талески не само што не ја расчисти маглата околу висината на буџетот на Општината, туку ја направи уште погуста, во очај некако да се извади од лавиринтот во кој самиот се вовлече.

Но, не успеа. Се исплетка, зборуваше многу ама ништо не кажа. Затоа ние повторно ќе го прашаме:

Каде во овие 8 години се потрошија 200 милиони евра народни пари, и зошто покрај буџет од близу 25
милиони евра само за оваа година, дозволи општина Битола да има долгови?

Господине Талески, колкав е вкупниот долг на Општина Битола?

Не веруваме дека Талески ќе собере храброст и искрено да одговори на овие прашања.

Но, затоа почитувани сограѓани ние ќе го сториме тоа во март, откако ќе ја добиеме Вашата доверба и со стручна, независна ревизија точно ќе Ви кажеме каде Талески ги потроши Вашите пари.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он