СДСМ: Битката за Македонија продолжува, може да има само слободни, фер и регуларни избори

Од:

„Со поднесување на пратенички листи за непостоечки избори Никола Груевски потврди дека за него државата и граѓаните се на последно место.

Груевски не го интересираат граѓаните, не го интересира иднината на државата.

Додека граѓаните 10 години осиромашуваа, за Груевски и друштвото од врвот на ВМРО-ДПМНЕ најважно беше личното богатење.

Затоа сега најважни им се аболициите што по нарачка ги добија од лицето Ѓорге Иванов, спротивни на закон и Устав.

По секоја цена сакаат да го заштитат својот криминал. Во страв, бегаат од слободни, фер, демократски и регуларни избори.

Подготвени се на се’, да ја загрозат иднината и сигурноста на државата, меѓународно да ја изолираат, во надеж дека ќе се спасат од одговорноста за криминалот.

Демократска Македонија тоа нема да го дозволи. Никој нема да ја држи иднината на Македонија во заложништво.

СДСМ заедно со граѓаните ја продолжува битката за враќање на слободата, демократија и правдата.

Во Македонија може да има и ќе има само слободни, фер, демократски и регуларни избори.

Македонија ќе биде слободна земја! Земја во која што неприкосновено ќе биде демократското право на слободен избор, по принципот еден човек-еден глас.

Секој што нанел штета на граѓаните и државата со криминал ќе се соочи со правдата!

Заедно со граѓаните ќе победи слободна Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата