СДСМ: Безидејното ВМРО-ДПМНЕ држи прес конференции врз основа на лажни вести

Од:

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ имаше лажен, нечесен и неискрен однос кон земјоделците, и тоа се уште трае, реагира СДСМ на на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

“Денеска ВМРО-ДПМНЕ во очај се обиде да констриура случаи исклучиво врз основа на лажни вести, кои немаат допирна точка со реалноста.

Невистината пласирана од ВМРО-ДПМНЕ, беше демантирана уште во текот на вчерашниот ден.

Не е точно дека посочената личност била дел од делегацијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Чешка. Патувањето е приватно, на сопствен трошок, на саем на којшто учествуваат и други приватни компании од нашата земја.

Не се точни ниту тврдењата за наводен проблем со водоснабдување на оризовите полиња. Како што јавно објави Водстопанство подружница „Брегалница“,водата за наводнување на оризовите површини е пуштена на време и според утврдениот годишен план за наводнување.”, е наведено во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски