СДСМ: Барањето за референдум е фарса за проблеми на Мицковски во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Христијан Мицкоски е прочитан целосно. Му потонаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, не му успеаја крвавите сценарија за дестабилизација и предизвикување етнички конфликт, велат од СДСМ.

„Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица си поигруваат со чувствата на граѓаните, им сервираат лаги за продажба на идентитетот и јазикот.

Секогаш кога државата оди во вистинска насока во евроинтерациите, ВМРО-ДПМНЕ прави сé за да го попречи напредокот.

Најавите за референдум против заклучоците на Собранието за заштита на македонскиот идентитет, и против македонски јазик во ЕУ не се ништо друго освен обична фарса на Мицкоски за внатрешна употреба, за неговите проблеми во ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски тоне се подлабоко, а со себе сака ја повлече и целата држава. СДСМ заедно со граѓаните нема да го дозволи тоа и нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ“, се вели во партиското соопштение за јавноста.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО