СДСМ: Барањето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за предвремени избори во време на енергетска криза е на штета на интересите на граѓаните и економијата

Од:

„Целата политика на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се состои во тоа да ги блокира активностите на владата во Собранието, да шири дезинформации и неосновано да бара предвремени избори“, соопшти СДСМ.

„Во време кога државата се соочува со енергетска криза, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да понудат решенија бараат предвременипарламентарни избори за дополнително да ги закочат процесите и економијата да стагнира.

Тоа е неодговорно, нечесно и себично однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните и економијата.

Граѓаните се уморни од избори и тие како и стопанството очекуваат поддршка во справување со кризата а не нов изборен процес каде со месеци секоја помош би била закочена.

ВМРО-ДПМНЕ со своите деструктивни активности само ја одржува конфликтноста во земјава и создава неизвесност која негативно влије и врз процесот на нашето евроинтегрирање и врз довербата на странските инвеститори. ВМРО-ДПМНЕ има еден клучен проблем а тоа е недостаток на чувство за државност.

Предвремени парламентарни избори нема да има, Владата има полн легитимитет кој го црпи од резултатите од изборите во 2020 година,редно е по повеќе од 15 години Владата и парламентарниот состав да заокружат полн мандат од четири години“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби