А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ бара Владата привремено да се откаже од дел од акцизата за горивата

by А1он31/07/2012 - 15:1131/07/2012 - 16:44228
Share0

СДСМ по последното поскапување на цената на бензините апелира Владата да направи краткорочна и долгорочна стратегија за справување со ценовните шокови и бара привремено да се откаже од дел од акцизата за горивата и да влијае на државните ЕЛЕМ и МЕПСО да ги скратат непродуктивните трошоци и да побараат намалување на цената на струјата.

Добивај вести на вибер

„За само две недели од последното покачување на цените Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која цената на бензинот ја зголеми за нови 2 денари, а на дизелот за нови 3 денари или вкупно за само еден месец цената на нафтените деривати се зголеми во просек за 7 денари по литар. Тенденцијата покажува дека за жал тие и понатаму ќе се зголемуваат“, рече Марјанчо Николов од СДСМ на денешната партиска прес-конференција.

Ако се земе предвид, нагласи, и скорешното зголемување на цена на струјата за 10 отсто и на парното за 4 отсто, цените на сите енергенси се зголемени, што претставува сериозен удар врз граѓаните и компаниите.

Долгорочно, СДСМ бара Владата да направи план за инвестиции во енергетски проекти со кои за период од 8-10 години би се изградиле нови капацитети што би обезбедиле поевтина енергија за граѓаните и стопанството и би ја направиле земјава независна од увоз на струја.

benzinsdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

Глобалната нафтена криза ја уништува светската индустрија

Горан Наумовски04/04/2026 - 08:42

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто