СДСМ бара средба со државниот врв по одговорот од Самарас

Од:

Наводите во писмото на Андонис Самарас до премиерот Никола Груевски, оние што се пренесени во медиумите, укажуваат за неконструктивноста на Грција во спорот со Македонија, наведува СДСМ во денешното соопштение до медиумите.

– За непринципиелноста на грчката страна и злоупотреба на позицијата на членство во ЕУ и НАТО, спротивни на стандардите и принципите на Унијата и Алијансата, неопходно е да бидат запознаени меѓународната заедница и инволвираните во обидите за изнаоѓање решение.

– СДСМ инсистира македонскиот државен врв итно да ги повика на средба сите релевантни политички субјекти во Република Македонија. Да ги презентира информациите во каква фаза се преговорите и да ги запознае со позициите на македонската страна во спорот со Грција. Никој, па ниту премиерот Груевски, претседателот Иванов и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нема право на ексклузивно авторство и на затвореност по ова прашање од суштинско значење за земјата, стои во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?