СДСМ бара ревизија на случајот на Сергеј Попов

Од:

Младите се револтирани, гневни и бараат промена на системот кој ги загрозува, на системот што убива по улиците. Пратеникот на ДПМНЕ и претседател на УМС, Сергеј Попов е дел од тој систем. Јавноста има право да знае дали „системот што убива“ го заштитил Попов, и дали тој добил привилегирана казна по налог на неговата партија, вели јовица Јанковиќ, потпреседателот на СДММ.

– Во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и направил тешка сообраќајна несреќа. И наместо да се соочи со затворска казна, Попов поминал со парична казна од 500 евра – како да сторил обичен прекршок. Јавно го поставуваме прашањето за селективноста на правосудниот систем во тоа време. Дали ова е резултат на политички притисок и влијание од ВМРО-ДПМНЕ, партијата што тогаш ја држеше под целосна контрола судската власт? Затоа овој случај мора да претпри целосна ревизија. Сите добро знаеме дека во 2014 година судството беше под диктат на ВМРО-ДПМНЕ, под контрола на тефтерчињата на Гордана Јанкуловска. Денес, Попов е дел од истиот тој систем кој убива, против кој тој лицемерно повикуваше на протести. Затоа, бараме: Итна ревизија на случајот на Сергеј Попов. Објавување на сите факти за овој случај пред јавноста. Оставка од Попов од функциите пратеник и претседател на УМС како минимум морален чин, рече Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време