(ВИДЕО)СДСМ бара распуштање на Комисијата за лустрација

Од:

СДСМ денес во Собранието ќе поднесе барање за распуштање на претседателот, заменик претседателот и останатите членови на Комисијата за верификација на фактите.

„Процесот на лустрација, во Македонија, не само што е целосно девалвиран, туку и целосно злоупотребен од стана на Власта, која преку својата инсталација во комисијата за лустрација, буквално само ја спроведува агендата за политичка одмазда. И Венецијанската комисија, во својата анализа прецизно ги наведе политички злоупотреби во Законот за лустрација, а кои во подолг период беа укажувани, како од опозицијата, така и од бројни домашни и меѓународни експерти. Оваа Комисија целосно ја промаши целта на своето постоење и затоа поднесуваме барање за нејзино распуштање, изјави  потпретседателот на СДСМ. Ана Павловска Данева.

Според одлуката на ЦО на СДСМ,  до Јавното обвинителство поднесена е   кривична пријава против претседателот на Комисијата Томе Аџиев.

„ По негов налог беа објавувани досиеја на одредени лица на веб-страната на Комисијата, заедно со документи со назнака “строго доверливо“, кои се однесуваат за временски период, после 2006 година, кој не е опфатен со Законот за лустрација, со што основано се сомневаме дека тој ги надминал своите службени овластувања со што нанел значителна штета на државните интереси и безбедноста на Република Македонија. Со оглед на фактот дека и двајцата членови предложени од опозицијата повеќе не се дел од оваа комисија, таа го изгуби политичкиот баланс предвиден при нејзиното конституирање. Со ова, Комисијата продолжува да постои само формално и целосно го изгуби својот легитимитет. Очекуваме дека Трајко Вељаноски ќе го стави ова наше барање на дневен ред на следната седница, со што ќе овозможи да се спречат сите натамошни штети и злоупотреби кои досега ги правеше Комисијата за лустрација, рече во Собранието, Павловска-Данева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните