СДСМ бара пренамена на парите, наместо за барок за училишта и градинки во Аеродром

Од:

ЕЛЕМ, наместо да гради и да вложува во енергетиката и домашно производство на струја, ќе фрла 15 милиони евра за рајска градина во Аеродром. Дополнително во 15-милионски рајски парк ќе се прават и фонтани и споменици во барок. Граѓаните во Аеродром не им требаат барокни фонтани и споменици зад коишто се кријат сомнителни зделки и тендери, вели Љубица Јанчева, координаторка на Советничката група на СДСМ.

Барокот не ги решава проблемите на граѓаните од нашата општина.

Граѓаните на Аеродром не сакаат долги листи за упис во градинка, училишта во кои се работи во три смени, руинирани амбуланти, не сакаат талентираните ученици да бидат без потребата поддршка…

Граѓаните на Аеродром имаат потреба од нови и современи градинки, модерни и опремени училишта, стипендии за талентираните ученици, решавање на проблемите со паркингот и сообраќајот.

Затоа денеска, на седницата на Советот советничката група на СДСМ и коалицијата ќе поднесе предлог со кој ќе бараме милионите евра народни пари да бидат пренаменети за вакви проекти приоритетни за граѓаните.

Ќе побараме овие средства да се иксористат за градинки, нови училишта, за иградба на културен дом.

Исто така ќе побараме да се направи и јавна расправа на која граѓните ќе се произнесат за што точно би сакале да се иксористат овие средства.

Интересот на граѓаните за нас е на прво место. Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ги прифати овие предлози уште еднаш ќе потврди дека за нив граѓаните не се важни.

Едно треба да знае криминалната власт, граѓаните на Општина Аеродром се спремни да ги бранат своите интереси.

Криминален, барокен филм во Аеродром нема да има!

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар