ВИДЕО: СДСМ бара повлекување на ТВ спотот против абортусот

Од:

Пратеничката група на СДСМ достави реакција до Советот за радиодифузија за новиот телевизиски спот кој, како што се наведува во партиското соопштение, е дел од кампањата на Владата на Република Македонија против абортусот и бара негово повлекување.

– Новиот спот во којшто абортусот како медицинска интервенција се изедначува со убиство испраќа порака на осуда и стигматизација кон сите жени и парови кои го искористиле или планираат да го искористат своето природно репродуктивно право. Воедно, овој спот е и брутална навреда и квалификација на лекарите како убијци, се вели во писмената реакција од СДСМ.

Од партијата истакнуваат дека со членот 41 од Уставот на Република Македонија се гарантира правото на човекот слободно да одлучува за создавање на деца.

– Ние пратениците и пратеничките потпишани на оваа изјава застануваме во одбрана на слободите и човекови права на секоја жена и затоа бараме итно повлекување на овој противуставен спот, стои во реакцијата на пратеничката група на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски